Марк Гасол спасува мигранти на Медитеранот

Големата ѕвезда на шпанската кошарка и еден од најдобрите европејци во НБА лигата, Марк Гасол, покажа дека е многу повеќе од спортска ѕвезда. Тој летово го минува помагајќи на организација која што се грижи за мингрантите кои од африканските земји се обидуваат да дојдат до европско тло. Марк и “NGO Proactiva Open Arms” патролираат со бродови низ Медитеранот и се обидуваат да им го олеснат тешкиот пат на бегалците.

Гасол вчера учествувал во спасувањето на жена од Камерун која во полусвесна состојба била пронајдена во морето.

„Бес, лутина и немоќ, сето ова ги следи овие луѓе на отворено море. Им се воодушевувам на луѓето со кои работам, тие не седат со скрстени раце“– напиша Гасол.

Гасол решил да и се приклучи на организацијата кога ја видел сликата од малиот Ајлен Курди, детето кое што се удави на брегот на Турција. Минатото лето не можеше да помага бидејќи беше дел од шпанската репрезентација, но ова лето активно е дел од организацијата која е исклучиво составена од доброволци.

 

Се вчитува...