Марк Клатенбург прави трансфер во МЛС – лигата на САД?

Еден од најдобрите англиски судии Марк Клатенбург, кој од 2004 година ја дели правдата во Премиер – лигата, а е дел од Лигата на шампионите, би можел да направи трансфер во МЛС – лигата на САД. Фудбалската асоцијација на САД е сега подготвена да оди и чекор понатаму и да ангажира еминентни фудбалски судии, откако клубовите во изминатиот период купуваа познати фудбалски имиња кои се на залезот од својата кариера.

Клатенбург суди на највисоко ниво повеќе од една деценија и во својата кариера веќе има нанижано настапи на врвните фудбалски натпреварувања. Минатата година го судеше финалето на Европското првенство, делеше правда и во финале на Лигата на шампионите и во финале на ФА купот на Англија. На свечената церемонија на „Глоуб сокер авордс“ е избран за најдобар фудбалски судија за 2016 година.

Се вчитува...