Марка: Реал го купува Мбапе за 180 милиони евра

Реал Мадрид набрзо ќе го комплетира трансферот на Килијан Мбапе, откако европскиот првак веќе постигнал договор со Монако околу отштетата на француското „чудо од дете“. Како што јавува весникот „Марка“ повикувајќи се на извори од управата на Реал, челниците на Монако ја прифатиле неверојатната понуда во висина од 180 милиони евра што пристигнала од Мадрид.

Се уште не е познато дали понудата изнесува 160 милиони при потписот, плус 20 милиони преку клаузули, или пак станува збор за „формула 150+30“, но „кнезовите“ веќе дале зелено светло за заминувањето на својата нова „ѕвезда“. Мбапе веќе стави до знаење дека сака да замине во Мадрид и да потпише за најтрофејниот европски клуб, па со договорот на тимовите веќе нема никакви пречки за овој трансфер час поскоро да се реализира.

Зинедин Зидан би сакал што поскоро да го има Мбапе на располагање, за младиот голгетер да може да се адаптира на новата средина, па се очекува трансферот да биде комплетиран во следните денови за Французинот да атакува на место во тимот веќе за Супер-купот на Европа против Манчестер јунајтед во Скопје. Овој трансфер ќе биде далеку поскап од актуелниот рекорд на Пол Погба од Јувентус во Реал Мадрид, но сепак е под сумата од 222 милиони евра што ПСЖ е подготвен да ја плати за Нејмар од Барселона.

Се вчитува...