МАРКА: Во соблекувалната на Атлетико е хаос

Тимот на Атлетико Мадрид оваа сезона е далеку од одбрана на шампионската титула, а тимот испадна и од Купот на Шпанија. Екипата предводена од Диего Симеоне играше фантастичен фудбал, но оваа сезона нешто се случува со овој тим, кој е далеку од шампионскиот сјај.

МАРКА во своето најново издание пишува дека во соблекувалната на Атлетико владее целосен хаос и тоа поради двајца играчи. Тоа се Антоан Гризман и Родриго де Пол, фудбалери кои стигнаа во тимот во летниот преоден рок.

Играчите на Атлетико не се задоволни што Гризман игра пред Кореа без оглед на формата, и сметаат дека тоа не треба да биде случај, и дека Французинот игра само поради името. Ситуацијата со Родриго де Пол е многу сериозна. Тој од самиот почеток се однесува како голема ѕвезда и тоа не им се допаѓа на оние кои долго време се во клубот. Исто така Аргентинецот се дружел само со Суарез, и често биле одвоени и функционирале како „клан“.

Диего Симеоне кој важи за тренер кој секогаш ја има ситуацијата под контрола, се чини овој пат ја загубил малку соблекувалната.

Се вчитува...