Маркез се враќа на Мото ГП патеката – Доби дозвола за возење во Португалија

Марк Маркез ќе може да вози на Големата награда на Португалија на 18 април. Тој ги помина сите тестови на лекар и доби дозвола да биде на мотор. Тоа ќе биде негова прва трка по Херез, кога тој ја повреди надлактицата во тешка несреќа.

Поминаа девет месеци од Херез каде Маркез имаше сериозна несреќа. Веднаш потоа беше опериран, а веќе еднаш се обиде да се врати на мотоциклот на патеката „Ангел Нито“. Сепак, тој не можеше да вози, а проблемите со фрактурата предизвикаа уште неколку операции.

Сега Марк е конечно подготвен да се врати во својот тим на Хонда и да вози на третата трка од Светскиот шампионат во мотоцикл.

„Отидов на лекар и ми рекоа дека можам да возам. Беа тешки девет месеци, моменти на несигурност, подеми и падови и сега повторно можам да уживам во мојата страст! Се гледаме во Портимао“, напиша Марк Маркез на Твитер.

 

 

 

Се вчитува...