Марко Арнаутовиќ на 34 години го прави трансферот на кариерата

Напаѓачот на Болоња и на австриската репрезентација, Марко Арнаутовиќ на лето би можел да го направи трансферот на кариерата, и покрај фактот што има 34 години. Според информациите во Италија, Австриецот би можел да заврши во актуелниот италијански шампион Милан.

Арнаутовиќ би бил засилување во нападот на „росонерите“, на местото на Златан Ибрахимовиќ за кого оваа сезона е последна во дресот на Милан, а можеби и во кариерата. Швеѓанецот има понуда од Монца, но размислува и да замине во пензија, поради се честите повреди во последно време.

Ако дојде на „Сан Сиро“, тогаш ќе биде само трет избор за Милан. Првиот и натаму се бара, и најверојатно ќе биде Џонатан Дејвид од Лил, додека негова резерва ќе биде Оливие Жиру, кој неодамна го продолжи договорот со „црвено-црните“. Доколку трансферот се реализира, тој ќе биде уште еден играч кој играл во двата милански клуба. Во сезоната 2009/2010, Австриецот беше дел од Интер, но одигра само три меча без ниту еден гол.

Се вчитува...