Марко Бенаси од Торино се сели во Фиорентина

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина го купува Марко Бенаси, одличниот играч за врска на Торино. Тој за сума од 10 милиони евра се сели во Фиренца и треба да биде големо засилување во средниот ред на „виолетовите“.

Бенаси минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на Торино, а ја доби и капитенската лента во тимот. Тој ќе потпише петгодишен договор со новиот клуб откако ќе ги мине медицинските прегледи.

 

Се вчитува...