Марко Миловановиќ и следната сезона во Јуви Кремона

Македонскиот младински репрезентативец Марко Миловановиќ и во новата сезона ќе биде дел од Јуви Кремона откако и официјално го продолжи договорот со новиот италијански второлигаш. За младиот кошаркар тоа ќе биде четврта сезона во дресот на тимот од Ломбардија.

Претходната сезона македонскиот бек настапи на 40 натпревари на кои забележа просек од 7.6 поени со 37 отстотна реализација за три поени, 3.4 скока и 1.2 асистенции за 20 минути поминати на теренот, притоа имаше голема улога во освојувањето на шампионскиот трофеј.

Се вчитува...