Маркус Рашфорд, гол-мајстор за деби-натпревари

Маркус Рашфорд влезе во игра во второто полувреме од дуелот против Базел и младиот фудбалер на Манчестер јунајтед експресно се запиша меѓу стрелците, продолжувајќи ја својата импресивна гол-серија кога станува збор за деби средбите во различни натпреварувања.

Ова беше прв меч на англискиот напаѓач во ЛШ и тој веднаш го постигна и својот прв гол, откако претходно со погодоци ги круниса и своите деби натпревари во Премиер-лигата, Лигата на Европа, Лига-купот на Англија, младинската репрезентација на Англија, како и за сениорскиот состав на „гордиот албион“.

Згора на тоа Рашфорд постигна гол и на своето прво градско дерби против Манчестер сити, па сосема јасно е зошто на овој фудбалер се гледа како на нов бисер на англискиот фудбал.

M.Rashford Goal HD Mnachester United 3- 0… by Victor–0

Се вчитува...