Марсело Брозовиќ конечно го договори трансферот во нов клуб, но тоа нема да биде Јувентус откако хрватскиот играч за врска реши да остане надвор од европскиот фудбал.
Искусниот 33-годишен играч за врска беше слободен фудбалер по истекот на договорот со Ал Наср, по што преговараше со Јувентус по повредите на Локатели и Турам. Сепак, Хрватот повторно реши да ги избере парите пред личната амбиција, па од Саудиска Арабија се пресели во – Катар.
Тој ја прифати понудата на катарскиот првак Ал Сад со кого ќе потпише договор до 2028 година, за плата од десет милиони евра, а денеска по лекарските прегледи ќе следи и официјализацијата на овој трансфер.
Брозовиќ кариерата ја почне во Хрватски драговољац, потоа играше уште и за Локомотива и за Динамо Загреб, од 2015 до 2023 ги бранеше боите на Интер, од каде се пресели во Ал Наср.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
