Марсело: Фудбалот понекогаш е нечесна игра

Бразил е елиминиран во четвртфиналето на Светското првенство. Заврши неславно сонот на Марсело, Нејмар и останатите „кариоки“ дека можат да стигнат до титулата на СП во Русија. Поуспешни беа Белгијците кои славеа со 2-1 и ќе играат против Франција во полуфиналето.

Левиот бек Марсело, разочаран од неуспехот, вели дека фудбалот понекогаш е нечесна игра.

„Фудбалот е понекогаш нечесен. Некогаш работите се одвиваат во ваша корист, но некогаш – не. Ние игравме, создававме шанси, а Белгија прва постигна два гола. Толку сакавме да стигнеме до тоа финале, но не успеавме. Мислам дека ако ние први постигневме гол, се ќе беше поинаку. А, имавме многу шанси. И во финишот можевме да се вратиме и да израмниме, но нивниот голман беше фантастичен. Тоа е фудбал, кој ќе постигне гол повеќе – победува“, изјави Марсело по елиминацијата на Бразил.

Се вчитува...