Марсијал слета во Севилја, следува потпис и промоција

Антоан Марсијал е веќе во Севилја, каде што денеска треба да биде промовиран во нов играч на Севилја. Тој го комплетираше целиот трансфер од екипата на Манчестер Јунајтед, која ја напушти откако не доби минутажа во тимот од „Олд Трафорд“.

Марсијал во Севилја ќе треба да ја оживее својата кариера, односно да добие поголема минутажа и да го покаже својот потенцијал и квалитет.

Во минатото Марсијал беше дел од Лион, па во Монако, а во последните шест години е дел од „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...