Мартин Радуловиќ-Величковиќ е четврто засилување за Вардар

Мартин Радуловиќ – Величковиќ е четврто ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок. Мартин кој има 20 години, доаѓа од словачката екипа Слован Братислава и потекнува фудбалската академија на „црвено-црните“.

За сениорскиот тим на Вардар настапуваше во сезоната 2020/21 забележувајќи 25 прволигашки настапи. Мартин Радуловиќ -Величковиќ е актуелен член на младата репрезентација на Македонија.

 

 

Се вчитува...