Мартин Серафимов позитивен на Ковид-19 кај Металург, не патува за Тулуз

Репрезентативецот Мартин Серафимов е позитивниот на коронавирусот Ковид-19 од редовите на РК Металург, па утре нема да патува со тимот на натпреварот од првото коло во Лигата на Европа против Тулуз кој се игра во вторник на гостински терен.

„Металурзите“ уште во текот на вчерашниот ден објавија дека двајца членови на тимот, ракометар и член на стручен штаб, се позитивни на Ковид-19 поради што отпаѓаат за патувањето во Тулуз, Франција. Денеска, пак, Серафимов преку социјалните мрежи информираше дека е позитивен, но се чувствува одлично со силна верба дека наскоро ќе го победи коронавирусот.

„Сакам да ве известам дека сум Ковид позитивен при последното тестирање во РК Металург. Моментално се чувствивам добро и немам никакви симптоми. Ќе се придржувам кон протоколите за лекување и се надевам на брзо враќање на ракометот. Им посакувам на моите соиграчи успешен настап во Тулуз. Бладарност до клубот и соиграчите за подршката која ја добивам“ – напиша македонскиот репрезентативец на својот официјален фејсбук профил.

Се вчитува...