Мартинели го олади Галатасарај: Турција ни под разно

Габриел Мартинели нема намера да го следи трендот на фудбалери од врвните лиги во Европа кои летово се решаваат за трансфер во турското првенство.

Галатасарај тргна амбициозно со понуда од 45 милиони евра за потписот на бразилскиот крилен фудбалер, Мартинели беше споменуван и како дел од размената со која Арсенал би стигнал до Виктор Осимен, но ниту една од овие опции нема да се реализира.

Причина – јасниот став на Мартинели да не се сели во турското првенство. Бразилецот смета дека поседува потенцијал за да биде дел од европските гиганти и трансфер во Турција би бил чекор назад во неговата кариера. Желба на самиот фудбалер е да остане во Арсенал, доколку клубот инсистира на трансфер Мартинели би се согласил, но само во друг клуб од Англија, Шпанија или Италија.

„Турција ни под разно“, гласела пораката на Мартинели до раководството на Арсенал, по што преговорите со Галата биле експресно прекинати.

Се вчитува...