Мартинез: Франција не е само Мбапе

Репрезентациите на Белгија и на Франција ќе се борат за место во финалето на Светското фудбалско првнество во Русија. Полуфиналниот дуел меѓу овие две селекции е утревечер. Селекторот на белгискиот тим Роберто Мартинез знае каква опасност доаѓа од францускиот состав, особено од младата ѕвезда на „триколорите“, Килијан Мбапе.

„Оваа група фудбалери треба да игра без страв. Ако пред натпреварот, на играчите им се вовлече страв, ќе направат многу помалку од она што реално можат. Игра без страв, тоа ќе биде важна работа кој многу би ни помогнала“ – вели Мартинез во пресрет на дуелот.

 Како против Мбапе кој во досегашниот тек од шампионатот беше клучен играч на Франција, е најчестото прашање со кое се соочува Мартинез.

„Тоа ќе биде особено тешко. Мислам дека на тоа прашање не постои лесен одговор, затоа што Мбапе е исклучителен играч. Ќе мора добро да се позиционираме на теренот. Ќе мораме повеќе да браниме простор отколу конкретно Мбапе затоа што Франција има добар и комплетен напад“ – смета Мартинез.

Специфика на француско-белгискиот дуел му дава и ангажманот на Тери Анри како помошник на Мартинез. Анри со Франција во 1998 година дојде до светската фудбалска титула.

 

 

Се вчитува...