Мартинез: Направивме нешто специјално

Белгија го елиминира Бразил, совладувајќи го петкратниот светски првак со 2-1 во четвртфиналето на Мундијалот во Русија. „Црвените ѓаволи“ сега ќе играат против Франција во првата полуфинална пресметка на Светското првенство.

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, е одушевен од изданието на својата селекција и вели дека фудалерите направиле нешто специјално.

„Бразил е речиси совршен тим, но успеавме да пронајдеме неколку маани, а фудбалерите тоа го реализираа маестрално на теренот. Направивме нешто специјално. Се надевам дека сите Белгијци во овој момент се горди на нашата селекција, колку што сум и јас, затоа што предводам една одлична група на фудбалери. Ќе се радуваме, но треба да ја сочуваме енергијата и за следната битка“, изјави Роберто Мартинез.

Се вчитува...