Матео Ковачиќ е светска класа – „сврте“ три Руси па перфектно додаде (ВИДЕО)

Русија и Хрватска одиграа без голови во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство, а потегот на натпреварот му припадна на хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ.

Фудбалерот на Челси ја докажа својата класа откако се изборе за топка во тешка ситуација, а потоа опкружен со тројца Руси успеа со дриблинг да ја промени насоката на движење. Генијалноста на Хрватот не заврши тука бидејќи од центарот на теренот упати одличено додавање за соиграчот Крамариќ.

Се вчитува...