Матераци: Единствен човек со кого не би се ракувал е Рафа Бенитез

Поранешниот дефанзивец на Интер и италијанската репрезентација Марко Матераци уште еднаш покажа колку го мрази Рафа Бенитез.

Матераци со Бенитез соработуваше во Интер, и малку е да се каже дека не беше баш импресиониран од неговите тренерски методи.

„Не ми се допаѓа правилото според кое по натпреварот мора да подадете рака на противникот. Ги ценам оние кои не сакаат да се поздрават со мене затоа што ги нервирам. Стисокот со рака е во ред ако некого цените, се останато е наметнување. На пример, јас никогаш не би се поздравил со Бенитез. Можеби тој е единствен човек на планетава со кого не би се ракувал“ – вели Матераци.

Бенитез во Интер беше во сезоната 2010/2011 кога го наследи Жозе Мурињо.

„Жозе, за разлика од Рафа, е феноменален, знае да држи баланс. На полувремето во финалето од Лигата на шампионите против Баерн ни рече: ‘Предобро играме, мора да бидеме малку полоши…’. Едноставно фантастичен е“ – вели Матераци.

Се вчитува...