Машката пионерска ракометна репрезентација на Македонија (М16) го одржа својот собир во спортската сала „Расадник“ во Скопје, во пресрет на претстојниот турнир од Регионалниот Челинџ Куп У16, кој ќе се одржи во Подгорица, Црна Гора.
Селекторот Матлиески во наредните денови ќе има можност да работи со овие млади ракометари, како подготовки за претстојните предизвици кои почнуваат веќе в петок.
Нашите млади репрезентативци ќе ги одмерат силите со селекциите на Црна Гора и Косово, во рамки на групата Ц.

06.11.2026 (петок) I 18:00 часот I University Sports Hall – Подгорица
Црна Гора – Македонија
07.11.2026 (сабота) I 13:00 часот I Bemax Arena – Подгорица
Македонија – Косово
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
