Матлиески се врати на клупата на Пролет

Никола Матлиески ќе го предводи тимот на Пролет во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона, откако управата на клубот се реши за ова добро познато име по шокантната смрт на доскорешниот стратег Александар Јовиќ.

Скопскиот суперлигаш го потврди ангажманот на Матлиески, а соопштението на РК Пролет го пренесуваме во целост:

„Никола Матлиески е нов шеф на стручниот штаб на Тинекс Пролет, откако раководството на нашиот клуб се реши за ангажман на добро познато име на клупата, по шокантната смрт на Александар Јовиќ.

Матлиески е тренер што многу добро го познава Тинекс Пролет, тој седеше на клупата на овој тим од 2017 до 2021 година, кога си замина, а на негово место пристигна Зоран Кастраовиќ, но самиот Матлиески даде огромен придонес во освојувањето на третото место, што е најдобар пласман на Тинекс Пролет од формирањето на Супер-лигата.

Тој потпиша долгорочен договор со Тинекс Пролет, по што синоќа го одржа и првиот тренинг со екипата. Во ситуација кога Тинекс Пролет го очекува учество во плејаут, зацртана цел е опстанокот да биде рутински осигуран, но и да се создаде позитивна атмосфера во пресрет на предизвиците што ќе го очекуваат нашиот клуб во наредната сезона“.

Се вчитува...