Матуиди доаѓа во Јувентус за 25 милиони евра

Италијанскиот првак Јувентус ќе го ангажира францускиот репрезентативец Блес Матуиди од редовите на ПСЖ. Трансферот ќе изнесува 25 милиони евра, а тој треба да се приклучи на почетокот на идната недела, со оглед дека „светците“ ќе го купат Фабињо од Монако како ново дополнување во средниот ред.

Матуиди треба да потпише тригодишен договор со „старата дама“, а ќе заработи 12 милиони евра, односно 4 милиони евра по сезона. ПСЖ го купи Блес Матуиди од Сент Етјен пред шест сезони, за 8 милиони евра, а потоа тој се изгради и во француски репрезентативец.

 

Се вчитува...