Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед не го заврши реновирањето на својот состав во овој летен преоден рок. Менаџерот Жозе Мурињо посакува да доведе најмалку уште двајца фудбалери и се чини дека ги најде на исто место, во редовите на Пари Сен Жермен. Португалецот посакува да ги доведе на „Олд трафорд“ Блес Матуиди и Серж Орие. И двајцата се достапни за трансфер, со оглед дека Унаи Емери и без нив го гради составот на „светците“ за претстојната сезона.
Матуиди влезе како резерва на синоќешниот меч од Суперкупот на Франција против Монако, кој ПСЖ го доби со 2-1, а Серж Орие е комплетно во втор план на десната бековска позиција, откако е ангажиран Дани Алвеш како ново засилување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА