Матуиди: Ја добив битката со коронавирусот, но бев психотичен до бескрај

Фудбалерот на Јувентус, Блес Матуиди успешно ја доби битката со коронавирусот, но како што вели сето тоа сериозно влијаело на неговото ментално здравје.

Матуиди признава дека станал психотичен откако дознал дека, заедно со Ругани и Дибала, се позитивни на Ковид-19.

„Минав низ еден тежок период, и мора да признам дека уште ми е тешко. Кога дознав дека сум позитивен и помислив дека долго време ќе треба да сум сам во четири ѕида станав психотичен. Бев далеку од моите најблиски, за да не ги заразам, се плашев за моето семејство, но се плашев и за мене. Сето тоа остава траги, но сега сум среќен што оваа болест ја оставив зад мене“ – вели Матуиди.

Се вчитува...