Маунт е „во аут“ за Челси и за Англија

Мејсон Маунт го очекува кратка пауза од фудбалските терени по најновата повреда што ја заработил овој англиски репрезентативец. Информацијата беше обелоденета од стратегот на Челси, Грем Потер, кој најави дека Маунт нема да настапи на утрешниот премиерлигашки меч со Евертон, но и на наредните дуели што англиската репрезентација ќе ги игра со Италија и со Украина.

Иако дел од англиските медиуми објавија дека Маунт го пропуштил последниот меч на Челси бидејќи одбива да потпише нов договор со „сините“, вистината изгледа е сосема поинаква.

„Маунт не беше 100% подготвен за последниот натпревар, затоа и не играше. Се уште не е во посакуваниот ритам, нема да игра ниту против Евертон, а ќе биде во аут и за настапите за Англија“, изјави Потер на денешната прес-конференција.

Покрај Маунт, овие натпревари ќе ги пропушти и крилниот офанзивец Рахим Стерлинг, кој се мачи со незгодна повреда на бутниот мускул.

Се вчитува...