Маурисио Покетино е изборот на Челси

Маурисио Покетино наскоро се очекува да седне на „жешкото столче“ во Челси. Англискиот гигант е во потрага по стартег по заминувањето за Грем Потер, а додека Френк Лампард ја извршува улогата на привремен тренер раководството е блиску до потпишување на договор со аргентинскиот стратег.

Според инфорамциите на доброупатениот Фабрицио Романо клубот и тренерот се во завршна фаза од преговорите со тоа што Покетино веќе ги информирал соработниците за новиот предизвик. 51-годишникот ќе има одврзани раце за проектирање на иднината на клубот и соработката се очекува да биде долгогодишна.

За Покетино тоа ќе значи враќање во Англија каде претходно ги предводеше Саутемптон и Тотенхем. До најголемиот успех беше во сезоната 2018/19 кога се најде во финалето од Лигата на Шампионите, но не успеа да го надмудри Јирген Клоп.

Се вчитува...