Официјално: Јоветиќ е новата „десетка“ на Монако

Стеван Јоветиќ се сели во редовите на францускиот првак, Монако за сума од 11 милиони евра. Црногорецот ќе го замени Килијан Мбапе кој најкасно до утре ќе биде играч на ПСЖ.

Поранешниот фудбалер на Сити и Фиорентина веќе го превзеде бројот 10, кој на почетокот на сезоната беше на Мбапе. Јоветиќ денес ги заврши медицинските прегледи, во исчекување е неговата презентација како нов играч на „кнезовите“.

Иако се зборуваше дека црногорскиот репрезентативец одново ќе оди на позајмица во Севилја, Јоветиќ преферираше да биде продаден од Интер, сметајќи дека за него нема иднина во тимот. Напаѓачот ќе ја проба среќата во ново првенство, четврто за него во меѓународната кариера, покрај Премиер-лигата, Серија А и шпанска Примера.

   

Се вчитува...