Мбапе гледаше од клупата, Монако броеше до четири

Монако одигра шампионски во второто коло од француското првенство, славејќи на гостински терен против Дижон со 1-4. Тренерот Жардим реши да го остави на клупата за резерви Килијан Мбапе, за кого се шпекулира дека е близу до трансфер во ПСЖ, но тоа воопшто не се почувствува во играта на „кнезовите“, кои се прикажаа во импресивно светло, доминираа во текот на 90-те минути и заслужено стигнаа до убедлива победа.

Во главна улога беше Радамел Фалкао, кој го постигна својот прв хет-трик сезонава, а најубавиот погодок на мечот беше дело на дефанзивецот Жемерсон, кој со ножички го совлада голманот на Дижон.

All Goals & highlights – Dijon 1-4 Monaco – 13… by goalsarena2017

Се вчитува...