Мбапе и донесе победа на Франција над Ирак во дождливиот маратон во Филаделфија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Франција стигнаа до втората победа на Светското првенство во САД, Канада и Мексико по маратонот кој траеше скоро четири часа против Ирак во кој славеа со 3-0 во 2. коло од групата И.

Водство од 1-0 за Французите во првиот дел донесе Килијан Мбапе уште во 14. минута.

France [1] – 0 Iraq – K. Mbappé 14'
byu/West_Agent4651 insoccer

Со овој резултат се замина на пауза која што траеше дури два часа. Причина, поради опасност по здравјето на фудбалерите и на навивачите на стадионот во Филаделфија.

Уште пред мечот беше најавувано вакво сценарио, поради ураганот во регионот на Филаделфија и силните грмотевици кои беа најавувани во овој дел од државата Пенсилванија. Како што минуваше првото полувреме така дождот се посилно паѓаше, а за време на паузата пристигна информацијата дека поради грмотевици во близина мора да се активира протоколот за безбедност.

Ова во пракса значеше останување на фудбалерите во соблекувалните, но и целосно празнење на трибините. По два часа пауза мечот продолжи. Мбапе со својот втор гол зголеми на 2-0 во 54. минута, додека конечните 3-0 ги постави Усман Дембеле во 66. минута.

France [2] – 0 Iraq – K. Mbappé 54'
byu/West_Agent4651 insoccer

France [3] – 0 Iraq – Ousmane Dembele 66‎'‎
byu/West_Agent4651 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...