Мбапе откри дека ја разочарал мајка му кога не потпишал за Ливерпул

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе, се потсети на моментите кога малку фалеше да потпише за Ливерпул и тоа поради мајка му.

Додека настапуваше за Монако, пред да потпише за ПСЖ, мајката на фудбалерот навивала да го избере Ливерпул.

„Таа отсекогаш сакаше да потпишам за Ливерпул. Тоа е смешна приказна бидејќи е вистина. Бев блиску до потпис со Ливерпул бидејќи мајка ми го обожуваше англискиот тим под водство на Јирген Клоп“, открива Мбапе.

Дека трансферот бил блиску до реализација потврдува и самиот фудбалер кој во тоа време имал директни разговори со Јирген Клоп, кој пак тогаш го предводеше Ливерпул.

„Се сеќавам дека бевме во авион, а тој ми зборуваше за неговиот проект. Тогаш, јас му зборував: Не треба да ме убедувате, вие сте Јирген Клоп, тоа е Ливерпул, голем клуб“, открива Мбапе.

На крајот, одлучи желбата на напаѓачот да остане во Франција и да потпише за ПСЖ.

„На крајот, не ја послушав мајка ми. Сакав да се вратам во мојот град, Париз, сакав да играм во Франција. Во тоа време не сакав да ја напуштам Франција“, објаснува Мбапе.

Одлуката да остане во Франција се покажа како вистинска. Мбапе постигна 256 голови и стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ, притоа освојувајќи шест титули во Лига 1. Во 2024 година, Мбапе како слободен играч потпиша за Реал Мадрид.

 

 

Се вчитува...