Мбапе побарал трансфер, Барса и Реал на готовс

Килијан Мбапе е цврсто решен уште летово да си замине од Монако и за својата одлука веќе ги известил челниците на францускиот првак. Челниците на Монако се обидуваат да го убедат својот најдобар фудбалер да остане, но Мбапе бил крајно разочаран од неамбициозноста на клубот кој веќе ги продаде Бакајоко, Менди и Силва, а се најавува и заминувањето на Лемар.

Досега се шпекулираше дека „кнезовите“ би можеле со збогатен нов договор да го убедат да остане уште една сезона, но весникот „Л’Екип“ тврди дека голгетерот нема намера да попушти во барањето за заминување.

Монако ќе бара околу 150 милиони евра за француското чудо од дете, суми што можат да си ги дозволат неколку клубови во Европа. Реал повеќе од два месеци активно преговара со Мбапе, но сега многу сериозна во трката ќе биде и Барселона, која ќе има пари за трошење по продажбата на Нејмар. Иако и Манчестер сити искажува интерес, се очекува ова да биде пресметка на двата шпански гиганти, кои ќе настојуваат што поскоро да ја договорат отштета со Монако.

Во секој случај, сагата околу Нејмар ќе заврши за неколку дена, но затоа продолжуваа онаа на Килијан Мбапе.

Се вчитува...