Ѕвездата на Реал Мадрид и на француската репрезентација, Килијан Мбапе, одлучи да ја прекине соработката со американскиот производител на спортска опрема „Најки“ и да потпише договор со швајцарскиот бренд „Он“.
Во исто време, швајцарската компанија објави дека легендарниот француски фудбалер Тјери Анри е именуван за нов директор на фудбалскиот сектор на компанијата.
Со потписот со Мбапе, „Он“ официјално влегува во светот на фудбалот. Мбапе нема да биде само заштитно лице на компанијата, туку своето врвно искуство директно ќе го вложи во развојот и тестирањето на спортска опрема специјално наменета за фудбал.
Покрај тоа, тој ќе стане глобален амбасадор на брендот, со што соработката ќе се прошири и надвор од фудбалските терени – на полето на дизајнот, перформансите и современото движење.
Овој потег претставува огромна пресвртница за компанијата, основана во 2010 година во Цирих, која досега првенствено беше фокусирана на трчање и тенис.
Еден од сопствениците на компанијата е и тениската легенда Роџер Федерер, кој при крајот на својата кариера исто така го напушти Nike и премина во швајцарскиот бренд.
Од друга страна, заминувањето на Мбапе претставува тежок удар за „Најки“. Американскиот гигант го следеше францускиот фудбалер уште од неговите најмлади денови и со текот на времето го позиционираше како своја најголема ѕвезда на фудбалскиот пазар.
Сепак, „Најки“ и понатаму соработува со едни од најголемите фудбалски ѕвезди како Ерлинг Халанд и Винисиус Жуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
