Мбапе: Разочарани сме, но не и скршени!

Голем кикс направи синоќа Франција ремизирајќи без голови против Луксембург во меч од квалификациите за СП 2018.

Французите атакуваа на победа, но Луксембург успешно се бранеше на крајот сосема заслужено стигнувајќи до бод.

„Разочарани сме затоа што имавме можност да се зацврстиме на првата позиција и да се одвоиме од конкуренцијата. Многу сме разочарани, но не и скршени. Сега се враќаме во своите клубови, а сигурно ќе одиме на победи на претстојните два дуели и да се пласираме на Светското првенство“ – вели Мбапе.

Се вчитува...