Килијан Мбапе не го крие задоволството по одличниот старт на овој светски шампионат откако Французинот стигна до четири гола на четири натпревари и се израмни со Мирослав Клосе со по 16 гола во мундијалската историја, два помалку од лидерот Лионел Меси.
Она што е уште поимпресивно, Мбапе стигна до бројкат аод 16 гола на само 16 одиграни средби на светските шампионати…
„Сите знаат каков е мотивот да се игра на светското првенство, сакам да сторам се за да помогнам да оствариме што подобри резултати. Пресреќен сум од почетокот, за моите голови, но уште повеќе за тимската игра и за победите бидејќи тоа е она што е најважно“, прокоментира Мбапе.
Асот на Реал Мадрид остана максимално скромен, не криејќи го задоволството што Усман Дембеле беше прецизен на дуелот со Ирак, прв гол на напаѓачот на ПСЖ на вкупно 13 натпревари на светските првенства.
„Таа статистика ни беше добро позната на сите, затоа и сите толку многу сакавме Дембеле да даде гол. Веќе кажав дека неговата улога во нашиот тим не се мери со бројот на голови и на асистенции, но добро е тој притисокот да се тргне од него и верувам дека овој погодок го стори токму тоа. Сите сме пресреќни за Дембеле“, порача Килијан Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
