Мбапе во „клубот 100“ на само 27 години

Килијан Мбапе со голoт во првата рунда против Сенегал стана најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација, а фантастичниот голгетер со настапот вечерва против Ирак повторно ќе испише историја за својот национален тим.

Имено, мечот со Ирак ќе биде јубилеен 100. настап за него во репрезентативниот дрес, со што Мбапе станува најмлад фудбалер со ваков јубилеј ако се знае дека голгетерот стигнува до оваа фантастична бројка на само 27-годишна возраст.

Мбапе дебитираше за Франција на 25 март 2017, во победта од 3-1 над Луксембург во квалификациите за СП 2018. Пет меча подоцна, тој го постигна и првиот погодок за националниот тим, во победата од 4-0 над Холандија.

На врвот на листата играчи со најмногу настапи за Франција е голманот Хуго Љорис со 145, бројка што Мбапе дефинитивно ќе ја нападне за неколку години.

Се вчитува...