Мбапе во нова мисија: Фокусиран сум да го победиме Реал, а потоа ќе видиме

Супер-ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе истакна дека сè уште не донел конечна одлука околу неговата иднина. Тој на лето ќе биде слободен агент, бидејќи неговиот договор со „светците“ истекува и ќе може да потпише со било кој друг клуб без обештетување.

Засега Французинот одбива да објави каде ќе замине иако шпекулациите силно го поврзуваат со Реал Мадрид.

„Не, мојата одлука околу иднината и натаму не е донесена. Пред нас имаме нова мисија, играњето против Реал Мадрид во Лигата на шампиони менува многу работи. Дури и да сум слободен да правам што сакам во моментов, сигурно дека нема да одам на преговори со противникот или нешто слично. Фокусиран сум само на победа против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а потоа ќе видиме што ќе се случи“, заклучи Мбапе.

Се вчитува...