Медфорд „краде“ и забива – МЗТ води со „плус 21“ во Задар

МЗТ Скопје игра фантастично полувреме и сосема заслужено има убедливи 21 поен предност на гостувањето во Задар во првиот бараж натпревар за влез во АБА1 лигата. „Металците“ по 20 минути игра имаат предност од 36-57.

МЗТ игра фантастично во нападот, Иванов постигна 17 поени во првиот дел против својот поранешен клуб, а најубавиот потег на полувремето исто така е дело на македонскиот тим, поточно на Американецот Медфорд, кој во првата четвртина умешно украде топка на својата половина, а потоа во контранапад атрактивно заби на спротивната страна.

Јасно е, со ваква игра МЗТ Скопје е многу блиску до враќање во елитното друштво од АБА-лигата.

Се вчитува...