Медицинска сестра од Рим ги мотивира заболените со скафандер на кој ја нацрта деветката на Џеко

Босанскиот интернационалец Един Џеко е идол на многу луѓе во „вечниот град“, а медицинската сестра Џерсеј која работи во клиника во Рим ги мотивира со скафандер на кој на нацрта „деветката“ и го напиша неговото презиме.

„Кога ќе го видат презимето на Џеко и „деветката“ на мојот грб, им доаѓа насмевка. Токму тоа сакав и да го постигнам, знам дека расположението мора да го задржиме кај сите луѓе кои се борат со коронавирусот“, изјави медицинската сестра во интервју во италијанските медиуми.

Един Џеко го прочита интервјуто и и подари потпишан дрес на кој најмногу се израдувал нејзиниот син Алфред, кој е голем фан на Рома.

Се вчитува...