Медведев: Кирјос и јас не сме пријатели

Рускиот тенисер Данил Медведев по победата во 3. коло над Кинезот Ву од максимални 3-0 говореше за неговиот следен противник, Австралиецот, Ник Кирјос.

Тој вели дека иако не е пријател со Австралиецот, нема никакви проблеми со него на и надвор од тениските терени.

„Добри сме, но не сме пријатели. Мислам дека и тој го мисли истото. Кога ќе кажам не сме пријатели мислам на тоа дека не одиме заедно во ресторан. На теренот никогаш се немаме расправано. Двајцата сме импулсивни. Никогаш не се знае што ќе се случи во иднина“, изјави Медведев. 

Се вчитува...