Медведев: Немам никаков страв, сакам Ѓоковиќ да игра на УС Опен

По Мастерсот во Монтреал, Данил Медведев го задржа првото место на АТП листата, а потоа следуваат Синсинати и УС Опен каде брани 2.000 поени.

Лесно може да се случи првото место да му испадне од раце, особено ако Рафа Надал освои трофеј на некој од овие турнири.

Сепак, има уште еден играч кој би можел да влезе во трка со Данил Медведев кога е во прашање кревањето на трофејот. Иако прашање е дали на Новак Ѓоковиќ ќе му биде дозволен влез во САД бидејќи не е вакциниран, Медведев изјави дека би сакал да го види Србинот во Њујорк.

„Не можам да сторам ништо овде, но немам никаков страв од конкуренција. Правилата ги поставува американската влада и не знам дали тоа може да се смени. Ако ме прашувате мене, сигурно би сакал Ѓоковиќ да игра. Сакам кога на турнирот се најдобрите играчи во светот. Тој го освои Грен слем ова лето. Таа борба за најмногу слемови со Рафа е супер напната и многу интересна. Би сакал да го видам во Њујорк“, изјави Медведев во Синсинати.

Се вчитува...