Медведев сo јавна закана: Ако уште еднаш се повтори, нема повеќе да играм!

Данил Медведев рано утрово загуби од Ник Кирјос со 1-3 во сетови во битката за четвртфинале на УС Опен, а пред почетокот на вториот сет се закани дека ќе го напушти мечот.

Рускиот тенусер не беше задоволен од однесувањето на екипата на австралискиот тенисер, по што вербално го нападна судијата и упати јавна закана.

„Еј … Тие не смеат да го прават тоа. Ако го направат и вторпат, ќе се повлечам и нема да играм додека некој од нив не излезе од трибините. Ви кажав дека не смее да се повтори и вторпат, зашто постојано тоа се случува на мој сервис. Тие се наоѓаат во ложа на професионален тренер. Јас повеќе нема да играм ако се повтори тоа“, извика Данил.

Се вчитува...