Медведев убеден: Го заслужив првото место

Данил Медведев од вчера и официјално го презеде првото место на АТП листата, откако Новак Ѓоковиќ по долги месеци ја прекина серијата на лидерство.

Русинот не успеа да триумфира на турнирот Хертогенбош, но без разлика на поразот до финалето тој дојде до првото место на АТП листата.

„Среќен сум што повторно сум број еден. Верувам дека го заслужив. АТП рангирањето опфаќа 52 недели, а не само една. Во спротивно секогаш би имале нов број еден“, порача Медведев кој се надева дека ќе има повеќе среќа во Хале и ќе се радува на пехарот.

Русинот поради добро познати причини сепак нема да го гледаме на третиот грен слем во 2022 година Вимблдон. Инаку, тој од врвот го смени Новак Ѓоковиќ кој падна дури на третата позиција, н втората позиција се наоѓа Александер Зверев.

Се вчитува...