Мега и го зема скалпот на Црвена Звезда

Кошаркарите на Мега приредија големо изненадување во 24. коло на АБА лигата совладувајќи ја Црвена Звезда на гостински терен со 83-89 забележувајќи голем триумф во борбата за четвртата позиција на табелата која носи предност на домашен терен во четвртфиналето од разигрувањето за титула.

Црвена Звезда во последната четвртина влезе со предност од девет поени (72-63), но искусниот евролигаш не успеа да одолее на полетните кошаркари на Мега. Серијата од 11-2 донесе изедначување на 74-74 по што следеше игра „кош за кош“, а при резултат 80-80 и нова серија од 9-0 со што гостите не дозволија „пенал завршница“.

Со 17 поени Ханга беше лидер на Црвена Звезда, додека на спротивната страна 16 поени постигна Миљеновиќ.

Тоа е втора победа на Мега против евролигаш оваа сезона. Претходно беше совладан и Партизан во неизвесна завршница на домашен терен.

Се вчитува...