Мегрегор се врати во УФЦ и веднаш доживеа голем шок (ВИДЕО)

Легендарниот ирски борец Конор Мекгрегор се врати во УФЦ по речиси петгодишна пауза, но неговиот настап по враќањето заврши на најлош можен начин. Во главната борба на вечерта во преполната „Т-Мобајл Арена“ во Лас Вегас, Мекгрегор беше поразен од Макс Холовеј уште во воведните моменти од мечот.

Ирецот се најде во октагонот за првпат по 2021 година и последователните порази од Дастин Поарие, а навивачите со нетрпение го очекуваа неговото враќање.

На самиот почеток, Мекгрегор се обиде да го наметне своето темпо и изведе атрактивен висок удар со нога, но при доскокот претрпе сериозна повреда на левото колено. Видливо трпејќи болки, тој падна на подот токму кога Холовеј почна да напаѓа, па судијата веднаш ја прекина борбата.

Додека ја напушташе салата, шокираниот Ирец беше исвиркан од дел од публиката, иако Холовеј се обиде да ја смири атмосферата и ги повика навивачите да покажат почит кон едно од најголемите имиња во историјата на овој спорт.

Се вчитува...