Мегваер бил посебно мотивиран за ’одмазда’: Не знаел да склопи ламба од ИКЕА

Хери Мегваер го постигна првиот гол во дресот на Англија, и тоа во четвртфиналната пресметка против Шведска. Деле Али го следеше со втор гол и селекцијата на гордиот Албион е во полуфиналето на Светското првенство во Русија.

Твитер секогаш носи интересни информации, а во прилог на ова и фактот дека Мегваер бил посебно мотивиран за ’одмазда’ против Шведска. Тој пред две години објавил твит, најавувајќи дека кога – тогаш ќе и се одмазди на шведската нација, затоа што потрошил четири часа за да склопи ламба што ја купил од ИКЕА. Одмаздата стигна на Мундијалот во Русија.

Се вчитува...