Мегваер пристигна на медицински прегледи во Карингтон (ВИДЕО)

Англискиот дефанзивец Хари Мегваер пристигна во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед, Карингтон и наскоро се очекува да го комплетира трансферот.

Поранешниот фудаблер на Лестер за 80 милиони фунти ќе премине на „Олд трафорд“ со што ќе стане најскапо платениот одбранбен фудбалер во историјата. Тој ќе ја преземе титулата од Холанѓанецот Вирџил ван Дајк, кој во 2017. година за сума од 75 милиони фунти од Саутемптон премина во Ливерпул.

 

Се вчитува...