Мегваер во англиски стил донесе водство за гордиот Албион (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Англија има водство од 1-0 против селекцијата на Шведска по првото полувреме од четвртфиналниот меч што се игра во Самара. По единствениот шут во рамките на голот во првиот дел, дефанзивецот Хери Мегваер во 30.минута со удар со глава по корнерот од левата страна донесе предност за селекцијата на Герет Саутгејт.

И двете репрезентации играа внимателно, посебно Швеѓаните кои речиси и да не го видоа противничкиот гол. Во завршницата од првиот дел, Стерлинг имаше убава можност да ја зголеми предноста на Англија, но не беше концентриран во одлучувачкиот миг.

Се вчитува...