Мекгрегор објави: Одам во пензија!

Конор Мекгрегор ги шокираше своите фанови објавувајќи дека ја завршува својата ММА-кариера. Само неколку дена откако во алкохолизирана состојба го предизвикуваше Хабиб Нурмагомедов на реванш, Мекгрегор во меѓувреме се премисли, па утрово обелодени дека не планира да се врати во октагонот.

„Здраво момци, само кратко соопштение: Донесов одлука да се повлечам од спортот позннат како ММА. Им посакувам на поранешните колеги да продолжат со добри борби во натпреварувањето“ – изјави 30-годишниот Мекгрегор, кој во кариерата забележа 21 победа и четири порази.

Медиумите потсетуваат дека Мекгрегор на сличен начин објави дека се повлекува од ММА и во 2016 година, еден месец по поразот од Нејт Диаз. Тој набрзо потоа се премисли, па истата година го имаше својот камбек во рингот. Останува да се види дали нешто слично ќе се случи и овојпат, или одлуката годинава ќе биде конечна.

Се вчитува...