Мекгрегор се опијани, па пак си ја бараше бељата со Хабиб

Конор Мекгрегор не може да го преболи поразот од Хабиб Нурмагомедов, во борбата во Лас Вегас во која Ирецот беше понижен од големиот ривал во октагонот, а потоа се случи и тотален хаос надвор од него. Мекгрегор веќе ја одлежа суспензијата од шест месеци за своето учество во нередите, па сега не ја крие желбата да добие шанса за реванш против дагестанскиот борец.

Ирецот го славеше празникот „Сент Патрик“ низ улиците нa Њујорк, а откако во друштво на сопругата испи и повеќе виски од вообичаено тој му испрати порака на Хабиб.

„Признавам дека е тежок противник, дека го потценив и затоа тој многу поподготвен влезе во мечот. Тоа беше неговиот блесок и морам да го почитувам, но ништо не е готово. Очекувам пак да влезам во борба со него. Мора да има реванш, му ги истепав братот и братучедот, ова не е готово“ – истакна Мекгрегор.

На потег е Нурмагомедов, кој уште неколку месеци е суспендиран, но годинава дефинитивно повторно ќе биде дел од УФЦ-спектакл. Останува да се види дали ривал ќе му биде Мекгрегор или некоја друга „ѕвезда“ од овој спорт.

Се вчитува...