Мекинро: Постои теорија дека Надал е допингуван

Поранешниот американски тенисер Патрик Мекинро ги прокоментира инекциите кои ги зема за стапалото, Рафаел Надал. Надал неодамна го освои 14. Ролан гарос во кариерата со помош на инекција која му помогна да го успие повреденото стапало.

Познатиот Американец говореше за медикаментите кои ги зема и теориите на заговор.

„Надал продолжува да победува. Не знам како го прави тоа, тој вели дека зема инекции против болка. Јас не сум доктор и не знам точно за што се работи. Постојат теории дека Надал се допингува и дека зема некој вид недозволени супстанци“, изјави Мекинро. 

Се вчитува...